Поврзете се со нас

Конференциска лига

УЕФА ги ограничи цените на билетите за гостинските навивачи во европските купови

Објавено

на

Европската фудбалска федерација (УЕФА) ги ограничи цените на билетите за гостинските навивачи во сите натпреварувања кои се под нејзина капа или поточно Лигата на шампиони, Лига Европа и Конференциската лига.

УЕФА објави дека највисоката цена на билети за ЛШ ќе биде 60 евра, за Лига Европа 40, додека за третото по ранг натпреварување 20 евра.

-Ја продолжуваме нашата мисија да го одржуваме фудбалот како инклузивен спорт, каде што навивачите кои патуваат во Европа се препознаваат и ценат, -вели првиот човек Александер Чеферин.

Во кампањата 2025/2026 ќе има ново намалување, па „плафонот“ ќе биде 50 за елитниот ранг, 35 за Лига Европа, додека цената ќе  остане непроменета за Конференциската лига.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни