Европски првенства
УЕФА ги одреди домаќините за ЕП во 2028 и 2032 година

Европското првенство во 2024-та година ќе се игра во Германија и набрзо ќе ги дознаеме сите патници на континенталниот турнир, но УЕФА веќе почна да прави подготовки и за наредните два турнира.
Европската фудбалска организација денеска ги додели организациите за наредните две Европски првенства на четири земји, што значи дека во 2028-ма и 2032-ра ќе има по два домаќини.
Велика Британија и Република Ирска ќе бидат организатори на Европското првенство кое ќе се игра во 2028-ма година, а за кое план е шест стадиони да има Англија, а по еден Република Ирска, Северна Ирска, Шкотска и Велс.
Како домаќин на турнирот, Англија реши да учествува во квалификациите и да темпира форма преку редовни натпревари, нешто што не беше случај со Германија за турнирот кој следи наредната година.
Што се однесува за турнирот кој ќе се игра во 2032-ра година, УЕФА како држави домаќини ги одреди Италија и Турција.
Euro 2028: UK & Republic of Ireland 🇬🇧🇮🇪
Euro 2032: Italy and Turkey 🇮🇹🇹🇷
UEFA confirm the hosts for the next two Euros, following 2024's tournament in Germany 🏆 pic.twitter.com/98sslfIOfz
— B/R Football (@brfootball) October 10, 2023
-
Италијапред 24 часа
Тасоти посочи што треба да биде приоритет за Милан во зимскиот преоден рок: Тоа е од суштинско значeње
-
Светпред 9 часа
„Бомба“ од Шкотска: Селтик ќе урива трансфер рекорд за да го доведе Миовски!
-
Англијапред 22 часа
Храбриот Лутон падна во 97. минута, Рајс е херојот на Арсенал (ВИДЕО)
-
Англијапред 14 часа
Непроценливо видео: Раја прими смешен гол, Рамздејл му фаќаше сеир од клупата за резерви
-
Светпред 22 часа
Белингем: Сонувам, секој ден се плашам дека некој ќе ме разбуди
-
АТПпред 14 часа
Љубичиќ: Синер не е како Алкарас…
-
Европски куповипред 23 часа
Лазаров: Ова е историска победа, ќе продолжиме да работиме за доброто на македонскиот ракомет
-
Англијапред 7 часа
Ѕвезда на Јунајтед се пожали: Критиките од легендите на овој клуб уништуваат животи!