Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА ги одреди четирите екипи од кои една ќе биде противник на Шкендија во квалификациите за ЛШ

Објавено

на

Македонскиот првак Шкендија вечерва ги дозна можните противници во првата рунда од квалификациите за Лигата на шампионите.

Во пресрет на ждрепката, УЕФА ги подели клубовите во повеќе групи, а тетовци како носители ќе чекаат противник во рундата каде може да добијат незгоден противник.

Шкендија ќе игра против една од групата екипи: ХЈК Хелсинки од Финска, Конах од Велс, Мура од Словенија и Борац Бања Лука кој е шампион на Босна и Херцеговина.

Во групата носители покрај Шкендија се Клуж (Романија), Алашкерт (Ерменија) и Будуќност (Црна Гора).

Ждрепката е закажана за утре од 12 часот, а првите средби од квалификациите ќе се играат на 6 и 7 јули.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни