Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА ги објави градовите домаќини за четирите наредни финалиња во ЛШ

Објавено

на

Истанбул требаше да биде домаќин на претходните две финалиња во Лигата на шампионите, но поради пандемијата, турската престолнина на двапати го губеше ваквиот примат, па лани завршниот меч се одигра во Лисабон, а оваа година во Порто.

Европската куќа на фудбалот нема да форсира со Турција како град домаќин во новата сезона и ќе направи мала отстапка, па така финалето во Лигата на шампионите во престојната сезона ќе се игра во Русија, или поточно во Санкт Петербург.

Една година подоцна, во 2023-та, Европската куќа на фудбалот се надева дека конечно ќе гледаме европска завршница во Турција, па финалето за оваа година одново му е доделно на Истанбул, односно на „Ататурк стадионот“ во престолнината.

УЕФА во својата официјална вест, ги именуваше имињата и на двата града домаќини за финалињата во 2024-та и 2025-та година, а тоа се Лондон и Минхен.

„Вембли“ ќе биде организатор на финалето во најелитното клупско натперварување за три години, додека Минхен и „Алијанц арената“ се поместени за 2025-та година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни