Поврзете се со нас

Шпанија

УЕФА ги казни Мората и Родри за непримерната прослава на европската титула

Објавено

на

foto: x.com/SEFutbol

Шпанските фудбалери на доминантен начин го освоија Европското првенство и сосема заслужено стигнаа до таков успех, но дел од нив премногу се опуштија за време на големата прослава во Мадрид.

Задолжен за шоу воглавно беше капитенот Алваро Мората, но за време на фештата на Сибелес, во скандирањата му се придружија и фудбалери како Родри, Кукурелја и Карвахал.

Иако во најголем дел преовладуваше славеничка и позитивна атмосфера, имаше и моменти кога Мората им фаќаше сеир на ривалите од другите репрезентации, но заедно со Родри испорачаа и една контроверзна песна, за која сега заработија казна.

Мората и Родри скандираа „Гибралтар е Шпанија“ и со оваа политичка порака си создадоа проблеми, бидејќи две недели по отворената истрага од страна на УЕФА, попладнево добија и официјални казни.

Во своето официјално соопштение, УЕФА објави дека двајцата фудбалери ќе треба да одработат суспензија од еден натпревар, но се поштедени од парична казна и нема да треба да ја полнат касаната на Европската федерација.

Реклама
Реклама

Италија

Реклама

Популарни