Поврзете се со нас

Европски првенства

УЕФА донесе вонредно правило за Европското првенство пред објавените листи од селекторите

Објавено

на

Европската фудбалска унија реши да продолжи со таканаречените Ковид поволносите за тренерите и селекторите и на претстојното Европско првенство, откако донесе официјално решение деак сите предводници на репрезентациите ќе можат да пријават по три дополнителни играчи од досега вообичаените 23.

Тоа значи дека Игор Ангеловски ќе состави список од 26 патници за натпреварите во Букурешт и Амстердам, што во превод ни најавува дека ќе имаме и нови имиња во репрезентацијата со оглед на тоа што популарниот Мрме досега воопшто не правеше експерименти со листата на повикани фудбалери.

Ангеловски сигурно најмногу ќе им верува на играчите кои изборија историски пласман на Европското првенство, но наместо стандардните 12 измени на секој голем собир, сега ќе има дополнителни три резерви кои можат да се активираат доколку селекторот одлучи дека е време за такво нешто.

Ова правило се носи поради можни заболувања на фудаблери од Ковид 19 за време на континенталниот турнир, со напомена дека измените кои ќе бидат извршени, нема да можат да бидат ревидирани во продолжение.

Во превод, селекторот кој ќе замени еден играч за друг, нема да може да го врати оној првиот во регуларниот список од 23-ца играчи, што значи дека измените кои ќе се прават, ќе бидат само принудни, или вистинско изненадување од страна на селекторите.

ОД претходно најавено е дека сите селектори треба да ги пријават официјалните состави најдоцна до 1-ви јуни, а Ангеловски од минатата седмица знае дека нема да може да смета на својот прв избор во нападот, Илија Несторовски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни