Поврзете се со нас

Лига Европа

УЕФА донесе одлука, завршницата во ЛШ и ЛЕ ќе се одигра во нов формат

Објавено

на

Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе одлука за тоа како ќе се заврши оваа сезона во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Тоа што се очекуваше беше и потврдено, поради пандемијата со коронавирусот ќе имаме промена на форматот (фајнал-ејт), па така завршницата во ЛШ (четвртфинале, полуфинале и финале) ќе се одигра во Лисабон, додека пак кога е во прашање ЛШ домаќин ќе биде Германија со градовите Келн, Дуизбург, Дизелдорф и Гелзенкирхен.

Кога се работи за елитното натпреварвање допрва ќе се донесе одлука за реваншите од осминафиналето, поточно дали ќе им биде дозволено на Барселона, Сити, Баерн и Јувентус да ги пречекаат Наполи, Реал Мадрид, Челси и Лион или пак и овој дел ќе се одигра во Португалија.

Таков е и случајот со реваншите од ЛЕ меѓу Јунајтед-Ласк, Базел-Франкфурт, Копенхаген-Башакшехир, Шахтјор-Волфзбург, Леверкузен-Ренџерс и Волвс- Олимпијакос, односно се уште нема одлука дали ќе се одиграа на нетрален терен или пак онако како што требаше по распоред.

Пресметките пак Интер-Хетафе и Севилја-Рома ќе бидат решени со еден дуел, допрва треба да се утврди местото каде што ќе се одиграт.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни