Поврзете се со нас

Европски првенства

УЕФА донесе одлука: Француски судија ќе ја дели правдата на големото финале на ЕП

Објавено

на

foto: x.com/Law5_TheRef

Европската фудбалска федерација (УЕФА) или поточно судискиот комитет го избра арбитарот кој ќе ја дели правдата на големото финале на Европското првенство во кое борба за пехарот ќе водат селекциите на Шпанија и Франција.

Изборот падна врз 35-годишниот судија од Франција, Франсоа Летексје кој на досегашниот дел од турнирот беше главен на три соочувања Хрватска-Албанија и Данска-Србија во групната фаза и на осминафиналето меѓу Шпанија и Грузија.

Помошниците и оние кои ќе ја имаат главната улога во ВАР собата ќе бидат негово сонародници, додека во целата судиска комбинација за средбата во Берлин ќе бидат Марчињак и Листкјевич од Полска и Ирати од Италија.

Борбата за пехарот е закажана за в недела од 21 часот.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни