Поврзете се со нас

Лига Европа

УЕФА донесе конечна одлука за продолжението на Лигата на шампионите и Лига Европа

Објавено

на

„Скај Италија“ пренесува дека УЕФА донела конечна одлука за продолжението на натпреварувањата во Лигата на шампионите и Лига Европа.

Од Европската куќа на фудбалот одлучиле во двете натпреварувања да се одржат завршни турнири на кои ќе настапат осум екипи.

„Фајн Ејт“ турнирот во Лигата на шампионите би требало да се одржи во Лисабон, Португалија, додека оној во Лига Европа треба да се одржи во Германија, а градот се уште не е одреден.

УЕФА закажа нов состанок за 17 јуни на кој ќе бидат прецизирани сите детали и по кој ќе биде објавено во целост што ќе се случува со елитните натпреварувања.

На овој состанок ќе се разгледуваат и натпреварите од квалификациите за евро куповите за следната сезона,  календарот за идната сезона во целост, како и за градот домаќин на Суперкупот.

Во Лигата на шампионите треба да се одиграат уште четири реванш натпревари од осминафиналето и тие ќе се играат на терените на домаќините.

Во Лига Европа, пак, има два пара кои не го одиграа ни својот прв осминафинален натпревар, додека останатите ги чекаат само реванш средбите.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни