Поврзете се со нас

Лига на шампиони

УЕФА донесе конечна одлука за домаќините на осминафиналните средби во ЛШ

Објавено

на

Извршниот комитет на Европската фудбалска федерација (УЕФА) донесе конечна одлука кога се во прашање местата на кои ќе се одиграат реванш натпреварите од осминафиналето на Лигата на шампионите.

Добро е познато дека оваа фаза не е завршена, поточно беше прекината на половина поради пандемијата со коронавирусот за да сега УЕФА пресече и донесе одлука реваншите меѓу Барселона-Наполи, Баерн Минхен-Челси, Манчестер Сити-Реал Мадрид и Јувентус-Лион да се одиграат според утврдениот распоред, односно она како што требаше со тоа што очекувано ќе нема публика на стадоните.

Барса, Баерн, Сити и Јувентус ќе си играат на своите стадиони, своите денови и ако ги оставрат посакуваните резултати тогаш ќе се изборат за завршниот турнир како што е познато ќе се одржи во Лисабон.

УЕФА донесе одлука, завршницата во ЛШ и ЛЕ ќе се одигра во нов формат

Истото важи и за ЛЕ со напомена дека Интер-Хетафе и Севилја-Рома се дуели кои ќе бидат решени на неутрален терен со еден меч во Германија. Првите дуели тогаш не се одиграа поради коронавирсот, па затоа сега со еден натпревар ќе се одреди патникот во наредната фаза.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни