Поврзете се со нас

Лига Европа

УЕФА добро му го олесни џебот на Раниери за контроверзната изјава

Објавено

на

Foto:x.com/OfficialASRoma

Клаудио Раниери фудбалски ја препороди Рома и од тим кој се бореше за опстанок, направи да гледаме екипа која е непобедлива во домашното првенство, но мора да се напомене дека добрата форма се одржува и во Европа.

„Волчицата“ го елиминираше Порто и успеа да се пласира во осминафиналето, но пред да дојде до тоа, Клаудио Раниери беше огорчен и бесен од арбитражата на која сведочеше на „Драгао“.

Раниери тогаш го обвини Тобијас Штилер за тенденциозно судење и намерно фаворизирање на домашниот тим, но имаше провокативна изјава и за Роберто Розети, човекот кој ги делегира судиите во УЕФА.

Јавната прозивка до сонародникот и познатиот германски судија не му донесоа суспензија на Раниери во вид на натпревари, но затоа УЕФА сега реши да му врачи казна со олеснување на џебот.

Европската фудбалска асоцијација денеска информираше дека Раниери за своите некоректни коментари добива парична казна од 20 илјади евра, додека Рома како клуб ќе треба да плати 11 илјади евра за непрофесионално однесување на нејзин член.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни