Поврзете се со нас

Италија

Удинезе ќе му го уништи планот на Јувентус: Имаме намера…

Објавено

на

foto: mondo.rs

Италијанскиот прволигаш Јувентус сака да ги засили своите редови во зимскиот преоден рок особено средината на теренот каде клубот остана без услугите на Пол Погба и Николо Фаџоли, играчи кои му се недостапни на тренерот Масимилијано Алгери поради допинг, односно нелегално обложување.

Токму поради ова Јуве сака да ја освежи таа линија и последните вести беа дека изборот паднал врз Лазар Самарџиќ од Удинезе. Србинот е еден од подобрите играчи на „зебрите“, играч кој минатово лето беше пред трансфер во Интер кој пропадна во последен момент.

Вестите беа дека Јуве бара формула која ќе може да го донесе Лазар во Торино, но Удинесе има сосема други планови со нивниот играч.

-Тој е момче кое апсолутно имаме намера да го задржиме до крајот на сезоната. Има толку многу вредност за нас и допрва треба да созрее и да најде рамнотежа и конзистентност.

-Тој е извонреден талент, во кој уживаме и се надеваме дека ќе уживаме што е можно подолго. На крајот на годината ќе направиме некои проценки, но за тоа подоцна ќе зборуваме, -порача спортскиот директор, Федерико Балѕарети.

Лазар има договор со калчолигашот до 30 јуни 2026 година.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни