Поврзете се со нас

Италија

Удинезе и Несторовски испуштија победа на „Сан Сиро“, само бод и за Пандев во градското дерби (Видео)

Објавено

на

Горан Пандев и Џенова освоија само бод на градското дерби против Сампдорија, додека Удинезе и Илија Несторовски испуштија победа против фаворитот Милан на „Сан Сиро“.

Џенова го почна градското дерби против Сампдорија без Пандев, имаше водство од првиот дел преку Ѕапакоста, но не издржа со позитивен резултат до крајот.

Тонели донесе важен бод за Сампдорија на овој дуел, а Пандев ги одигра последните дваесетина минути во ремито 1:1.

Удинезе беше блиску до големи три бода на „Сан Сиро“, но Стригер направи голем кикс во судиското продолжение, играше со рака во шеснаесетникот и му овозможи на Милан да израмни со голот на Кеси од пенал.

Несторовски одигра цел натпревар на тешкото гостување, а единствениот гол за гостите го постигна Бекао во 58. минута.

Ругани му донесе важна победа на Калјари во дуелот со Болоња (1:0) со погодок на самиот почеток на средбата, додека Рома обезбеди важна победа на незгодното гостување кај Фиорентина (1:2).

Најсигурна беше Аталанта против Кротоне (5:1), а сличен настап имаше и Верона која го победи Беневенто со 0:3 на гостински терен.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни