Поврзете се со нас

Италија

Удинезе го продаде Фофана на француски клуб

Објавено

на

Соиграчот на нашиот Илија Несторовски од Удинезе, Секо Фофана, денеска официјално го напушти италијанскиот клуб и се сели во Франција.

Фофана ја прифатил понудата за четиригодишен договор од Ленс, а Удинезе од овој трансфер ќе заработи солидни 15 милиони евра.

Самиот Фофана има посебно почитување за Ленс и јавно посочи дека штом добил понуда, воопшто не размислувал дали треба да замине во францускиот прволигаш.

Фудбалерот е роден во Париз, настапуваше за младинските категории на француската репрезентација, но на сениорско ниво реши да ги брани боите на Брегот на слоновата коска од каде потекнува неговото семејство.

Фофана претходно играше за Манчестер Сити, а во Удинезе пристигна во 2016 година, по што забележа 116 настапи за составот од „Дачија арена“.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни