Поврзете се со нас

Англија

Удар за премиерлигашот: Арсенал соопшти лоши вести за повредата на Габриел

Објавено

на

foto:x.com/MirrorFootball

Арсенал го доби Букајо Сака на мечот со Фулам, меѓутоа градското лондонско дерби донесе и лоша вест за „топчиите“ поврзана со уште еден клучен играч Габриел Магалаеш.

Бразилецот мораше да го напушти терен уште во првото полувреме или поточно во 16 минута и веднаш стана јасно дека не се работи за нешто наивно за да денеска второпласираниот тим на табелата го потврди најлошото сценарио кога е во прашање стоперот.

Имено дефанзивецот ќе мора да оди под нож и оваа кампања за него е завршена.

-Габи ќе направи операција во наредните денови и веднаш ќе почне со процесот на закрепнување, целта е да биде подготвен за стартот на следната сезона, -порачаа од Арсенал.

Ова е голем удар за Арсенал пред се кога е во прашање настапот во ЛШ каде ги очекува четвртфинален двомеч со Реал Мадрид.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни