Поврзете се со нас

Англија

Удар за Нуно Еспирито Санто: Нема да може да смета на Кејн за отворањето на новата сезона

Објавено

на

Стратегот на Тотенхем, Нуно Еспирито Санто уште на стартот на сезоната ќе се соочи со проблеми при кроењето на составот кој ќе се соочи со Манчестер Сити во воведното коло од Премиер лигата.

За натпреварот против актуелниот шампион на Англија, Тотенхем нема да може да смета на својот најдобар играч, Хари Кејн.

Како што јавува „Телеграф“, Кејн нема да биде подготвен за првите недели од сезоната поради тоа што ќе добие дополнителен одмор по настапот со Англија во финалето на Европското првенство.

Одличниот голгетер се споемнува и како ново засилување токму на Манчестер Сити, па дел од медиумите најавуваат дека ваквата информација би можела да биде поврзана и со евентуалните преговори за трансфер на Кејн.

Нуно Еспирито Санто освен Хари Кејн во составот нема друг врвен напаѓач, па јасно е дека доколку клубот не ангажира нов играч на оваа позиција, ќе има сериозен проблем за натпреварот со Манчестер Сити.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни