Поврзете се со нас

Македонија

Удар за Металург, браќата Њокас се селат во Вардар

Објавено

на

Браќата Оливие и Кевин Њокас требаше да претставуваат најголеми засилувања за тимот на Металург во пресрет на новата натпреварувачка сезона која започнува овој викенд.

Сепак, и двајцата иако минаа одреден период во Автокоманда ќе го променат клубот, но како што стојат работите не и градот.

Имено, Кевин и Оливие Њокас се многу блиску до потпис со тимот на Вардар кој брзо ја искористил ситуацијата и го добил ангажманот на браќата.

Оваа вест секако е одлична за Веселин Вујовиќ кој со играчите кои играат на бековските позиции добива квалитет плус во ротацијата.

Кевин и Оливие Њокас пред почетокот на оваа сезона потпишаа двегодишни договори со Металург, но воопшто не дочекаа да заиграат на официјален натпревар во клубот од Автокоманда.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни