Поврзете се со нас

Шпанија

Удар за „кралевите“: Реал доби лоши вести пред дербито со Џирона

Објавено

на

foto:twitter.com/realmadriden

Реал Мадрид вечерва е домаќинин на Џирона во дерби средбата во шпанската Примера, меч пред кој стигнаа лоши вести за актуелниот лидер во шпанскиот шампионат.

Познато е дека „кралеците“ имаат проблеми со повредите и тоа со играчи кои настапуваат во дефанзувата, поточно срцето на одбраната. Сега официјално Карло Анчелоти нема ниту еден стопер на располагање затоа што на листата на отсутни е приклучен и Антонио Ридигер.

Од претходно во „аут“ беа Милитао, Алаба и Начо со тоа што Ридигер се очекуваше да биде достапен за денеска откако го скокна градското соочување со Атлетико Мадрид. Тој тренерираше и имаше оптимизам дека ќе биде бит, меѓутоа Реал ја информираше јавноста дека Германецот има проблем со мускулот.

Ова е сериозен удар за Реал затоа што Тони нема да биде достапен ниту против РБ Лајпциг и уште неколку меча, поточно ова значи дека Анчелоти ќе мора да бара решенија и да става играчи на кои стоперската позиција не им е природна.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни