Удар за „кенгурите“: Австралија без најголемата ѕвезда на СП во Кина

ben simons

Од 31 август до 15 септември се очекува светското кошаркарско првенство во Кина, настан на кој еден од фаворитите од сенка-селекцијата на Австралија нема да може да смета на најголемата ѕвезда Бен Симонс.

Ова се последните информации кои доаѓаат директно од таборот на плејмјекерот на Филаделфија или поточно од неговиот агент Рич Пол кој посочи дека неговиот клиент ќе се посвети на индивидуална работа, подготовки за што подобро да ја започне новата НБА сезона.

Дефинитивно ова е голем удар за „кенгурите“ кои имаат интересен и квалитетен состав со доста НБА имиња како Инглс, Милс, Бејнс, Богут, Делаведова, Болден, меѓутоа ќе биде сосема поинаква приказна ако и Симонс беше дел од екипата.

Австралија е во групата Х заедно со Канада, Сенегал и Литванија.

Facebook Коментари