Поврзете се со нас

Италија

Удар за италијанскиот шампион: Милан остана без планираното засилување кое се сели во Премиер лигата

Објавено

на

Актуелниот италијански шампион Милан вечерва доживеа удар кога е во прашање трансфер пазарот затоа што остана без засилувањето кое долго време го меркаше и планираше.

Имено станува збор за членот на Лил, Свен Ботман кој ги имаше договорено личните услови со „росонерите“, но клубовите не можеа да најдат заеднички јазик за трансфер обештетувањето, па оваа ситуација ја искористи премиерлигашот Њукасл кој го „грабна“ холандскиот стопер.

Трансферот ќе изнесува околу 40 милиони евра со бонуси, а Ботман наместо да игра во ЛШ ќе заврши во северна Англија во клубот кој има високи амбиции, да освојува трофеи, игра во ЛШ во иднина.

Според медиумите калчолигашот веќе има алтернативи, нови решенија во рака, па тука се Вилијам Салиба, Артуе Теата од Болоња и Глејсон Бремер од Торино.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни