Удар за Баерн пред завршниот дел од сезоната: Ништо од одмаздата, Видал мора на операција!

vidal

Чилеанскиот ас, Артуро Видал кој се повреди на вчерашниот тренинг на Баерн Минхен одредено време ќе биде во аут од фудбалските терени.

Тој го повреди коленото и медицинските пресгледи покажаа дека ќе треба да биде извршен мал хирушки зафат за да се сани проблемот. Ова е секако удар за баварците пред завршниот дел од сезоната, но и за самиот Видал кој беше запален за битката со Реал Мадрид во Лигата на шампионите, односно за одмазда поради ланската контроверзна елиминација.

Колку точно Чилеанецот ќе биде надвор од теренот се уште не е познато.

Средбите Баерн-Реал се играат на 25 април и 1 мај.

Facebook Коментари