Поврзете се со нас

АТП

Учтивиот Синер покажа класа со говорот по освоениот трофеј: Не го заборави човекот кој му посвети 40 години на тенисот (Видео)

Објавено

на

Foto:twitter.com/AustralianOpen

Јаник Синер е навистина скромен и во победите и во поразите, а тоа го покажа и вчера по уште еден огромен успех во својата кариера.

По освоените титули на Аустралијан Опен и Ју-Ес Опен, Синер стана само третиот тенисер по Федерер и Ѓоковиќ кој славел и на завршниот Мастерс во иста година, а тоа го направиа откако во вчерашното финале го надигра Тејлор Фриц.

Италијанецот без загубен сет издоминира на АТП финалето и фуриозно демонстрираше доминација како светски рекет број еден, но наместо да го става фокусот на себе, учтивиот Италијанец покажа класа веднаш по победата, но и за време на говорот.

Синер му честиташе на Карлос Бернардес при ракувањето за неверојатната кариера која ја имаше како судија, бидејќи вчера на финалето го одработи својот последен меч на АТП турот.

– Сакам да кажам неколку брзи зборови за Карлос….. Не го гледам, можеби си заминал…… Не, ене го…..

– 40 години судење, неверојатна кариера. Слушнав дека имаш уште една задача на Дејвис Купот, но за мене и Тејлор беше привилегија да бидеме дел од твоето последно АТП патување. Ти благодарам многу за се што направи, – му порача Синер на Бернардес.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни