Поврзете се со нас

Светски првенства

Учесниците на клупскиот мундијал ќе поделат една милијарда долари

Објавено

на

Фото: https://x.com/fifamedia

Првото издание на Светското клупско првенство со 32 екипи ќе донесе и најголем профит за учесниците во историјата на фудбалот.

„Би-Би-Си“ ексклузивно објави дека Европската асоцијација на клубови (ЕЦА) преговара во името на 12-те европски учесници и наскоро ќе биде соопштено дека ФИФА ќе им подели на сите клубови околу една милијарда долари.

Досега не биле поделени толку многу пари за турнир на кој една екипа може да одигра најмногу седум натпревари, а најмногу благодарение на договорот за тв права кој тежи токму милијарда долари.

Првиот турнир во ваков формат започнува на 14 јуни и ќе заврши на 13 јули годинава, а европските клубови треба да добијат најголем дел од колачот, пред се поради нивната популарност, но и фактот што поради клупскиот мундијал нема да можат да реализираат планирани предсезонски турнеи.

На турнирот од Европа ќе учествуваат Челси, Манчестер Сити, Баерн Минхен, Борусија Дортмунд, ПСЖ, Интер, Јувентус, Атлетико, Реал Мадрид, Бенфика, Порто и Салцбург, а од овие екипи само Реал не е член на ЕЦА.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни