Учесници на карневалот го копираа шокантниот стил на Рамос, па добија поздрав од капитенот на Реал (Фото)

ramos-kapce

Паралелно со традиционалниот карневал во Рио де Жанеиро, во последните неколку години во истиот период е актуелен и карневалот кој се одржува во Мадрид, а од кој сега ни пристигна една урнебесна слика поврзана со капитенот на Реал.

Серхио Рамос пред извесно време се појави во необична комбинација на „Бернабеу“ за време на мечот меѓу Реал и Вилјареал, а неговиот екстравагантен стил беше добар повод пет момчиња да го ископираат и да се преправат во капитенот на „кралевите“.

Рамос дури беше и тагнат во објавата на момците, а уште поинтересен е одговорот кој го добија…

– Голема чест! Следната година викнете ме и ќе се подготвиме подобро, гледам одредени недостатоци во обувките. Прегратка до сите, – вели Рамос.

Facebook Коментари