Поврзете се со нас

Боречки спортови

Убедливиот Садулаев стави крај на шансите за медал на Нуров

Објавено

на

Рускиот борач Абдулрашид Садулаев уште еднаш се истакна како најсериозен кандидат за златото во својата категорија и експресно го победи Рејнерис Салас Перез во полуфиналната рунда.

Кубанецот влезе во борбата во категоријата до 97 килограми, во обид да го изненади фаворитот, но и да му овозможи на македонскиот борач Магомегдаџи Нуров да се бори за бронзен медал преку репасаж.

Садулаев го победи Салас Перез со 4:0 и на тој начин си избори финале и дефинитивно стави крај на надежите на Нуров и Македонија за нов олимписки медал во Токио.

Нашиот борач рано утринава го победи Тунижанецот Саадуи Мохамед со 5:0, а во четвртфиналето загуби од Салас Перез со 6:4.

Со настапот на Нуров е комплетирано македонското учество на Олимпијадата во Токио, кое ќе биде запаметено по сребрениот медал на таеквондистот Дејан Георгиевски.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни