Поврзете се со нас

Светски првенства

Убедливи победи на Франција и Шпанија, Словенија ја разнесе Куба

Објавено

на

Foto:instagram.com/edfmhandball

Фаворитите минаа според планот и без проблеми на напреварите кои се играа денеска во 18:00 часот, бидејќи видовме четири победи на екипите од кои се очекуваше такво нешто.

Франција имаше полесен тренинг против Кувајт и го запиша вториот триумф на Светското првенство со резултат 43:19, натпревар кој беше решен уште во првото полувреме.

За разлика од „триколорите“, Шпанија се мачеше против Чиле во првиот дел и во еден момент губеше три голови разлика, но сепак успеа да се прибере и на крајот да оствари убедлива победа.

„Фуријата“ славеше 31:22 и ги освои првите бодови на мундијалот, а истото важи и за Словенија која беше немилосрдна против селекцијата на Куба.

Балканската репрезентација победи со 41:19, а убедлива беше и Италија која денеска ја запиша втората победа, овојпат над Алжир со 32:23.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни