Поврзете се со нас

Европски првенства

Убедлив пораз на младата репрезентација од Украина за крај на евроквалификациите

Објавено

на

Младата репрезентација на Македонија зад себе остава крајно неуспешен квалификациски циклус за пласман на Европското првенство.

Избраниците на Драган Канатларовски денеска загубија со 4:0 од соодветната селекција на Украина во последниот квалификациски натпревар за пласман на Европското првенство кое следната година ќе се одржи во Романија и Грузија.

Македонија беше рамноправен противник на Украина се до последните 20 минути од средбата кога беа видени и сите погодоци во мрежата на Денковски.

Најпрво Вјуник во 69. минута го отвори резултатот, а само две минути подоцна Судаков зголеми на 2:0. Во 85. минута веќе беше 3:0 откако гол даде Ванат, а конечниот резултат го постави истиот играч во 94. минута.

Украина на овој натпревар беше домаќин во Истанбул, Турција, затоа што своите мечеви не може да ги игра пред домашна публика поради руската инвазија врз нивната земја.

Што се однесува до квалификацискиот циклус, ова е еден од најлошите во последно време. Македонија истиот го завршува на претпоследната, петта позиција во групата, со девет освоени бодови, три повеќе од последната Ерменија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни