Поврзете се со нас

Шпанија

Убави вести за Барселона: Се вратија на тренинг на „Камп Ноу“, на истиот присуствуваше и.. (Фото)

Објавено

на

Следната недела продолжуваат возбудувањата во шпанската Ла Лига,а  тимот на Барселона на првиот натпревар ќе игра против Мајорка.

„Каталонците“ сега, за прв пат по три месеци се вратија на тренинзи на „Камп Ноу“, а на истите присутен беше и Лионел Меси.

Во изминативе неколку денови се појавија шпекулации дека Лионел Меси е  повреден и дека веројатно ќе го пропушти првиот натпревар со Мајорка, меѓутоа по најновите фотографии се чини дека повредата е зад него и дека тој ќе биде подготвен за враќањето на теренот.

Лионел Меси сепак овој пат тренираше одвоено од останатиот дел од тимот, но ќе биде подготвен за дуелот со Мајорка кој на програмата е на 13 јуни.

Освен Меси, одвоено од тимот тренираше и Нелсон Семедо кој исто така се очекува да биде подготвен за средбата со Мајорка.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни