Поврзете се со нас

Италија

Убави вести од Милано, Газидис успешно заздравува од тешката болест

Објавено

на

Извршниот директор на Милан, Иван Газидис преку официјално соопштение се обрати до јавноста по повод неговата битка со опасната болест, рак на грлото.

Еден од главните луѓе на Милан беше на рехабилитација во САД, а сега се вратил во Милан и упати порака дека наскоро ќе се види со сите инволвирани во и околу Милан.

– Драги колеги, како што можеби знаете се вратив во Милан за да го продолжам моето патување кон целосно заздравување.

– Вистинско уживање и олеснување е што се вратив во градот кој навистина го чувствувам како дом. Можам да ви кажам дека сум пресреќен што некако успеав да ги исполнам моите професионални обврски за време на овој период кој бараше многу третмани, а сето тоа го направив благодарение на вашето залагање и помош.

– Иако се уште имам долг пат за целосно да закрепнам, останувам убеден дека наскоро ќе бидеме во можност да се видиме и лично, -напиша Иван Гаизидис.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни