Поврзете се со нас

Италија

Убави вести од Италија, во многу скоро време се враќаат навивачите на трибините

Објавено

на

Од Италија овие денови стигнуваат сериозни најави дека наскоро ќе биде дозволено присуство на навивачите на фудбалските стадиони.

Италија ги омекна Ковид мерките, а тоа во јавноста го изјави и премиерот на оваа земја, Марио Драги. Сепак, тој не потенцираше дали ќе има промени и на фудбалските натпревари, а од „Скај  Спорт Италија“ пренесуваат дека наскоро ќе бидат донесени и одлуките поврзани со спортот.

Новинската агенција „АНСА“ пак од свои блиски извори потврди дека ќе биде дозволено присуство на навивачи на трибините, меѓутоа максимумот ќе биде 1000 фанови кои ќе бидат поделени во неколку сектори.

Навивачите на трибините ќе добијат зелено светло за враќање од 1 мај што значи дека за две недели дел од фановите ќе може и во живо да уживаат во фудбалските натпревари во Италија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни