Поврзете се со нас

Италија

Убави вести, Несторгол се врати на тренинзите на Удинезе (Фото)

Објавено

на

Убави вести поврзани со македонскиот репрезентативен напаѓач, Илија Несторовски пристигнаа од Удине.

Повредата на Несторгол е минато и тој се врати на целосни тренинзи со својот тим за кој се очекува наскоро да добие шанса за игра.

Несторовски долго време е надвор од терените поради потешката повреда која го оддалечи и од настапите за националната селекција на историското Европско првенство што се одржа ова лето.

Оваа вест е позитивна и за селекторот Благоја Милевски кој сигурно со Несторовски ќе добие дополнителен квалитет во нападот, ако се земе предвид фактот дека Адис Јаховиќ не ги оправда очекувањата на последните два репрезентативни собири.

– Поминаа 180 дена, со сите се соочив со дигната глава.Не беше лесно да се надмине се но , но како и секоја потешкотија се соочив со тоа на најдобар можен начин. Оваа пречка не беше лесна, но успеав да ја надминам со мојата одлучност и благодарејќи на моето семејство кое беше покрај мене секој ден! Ја користам оваа прилика да му се заблагодарам на медицинскиот персонал и Удинезе што ми неа на располагање за да закрепнам побрзо, -напиша Несторовски на социјалните мрежи.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни