Формула 1
Убави моменти за крај: Фетел му напиша фантастична порака на Леклер на кацигата која му ја подари (Фото)

Себастијан Фетел вчера стави крај на својата етапа во редовите на Ферари, а истата ја заокружи на начин како што му доликува, односно доби посебен третман од сите вработени во тимот и по крајот на трката во Абу Даби изрежираа навистина убави сцени.
Германецот кој е познат како голем спортски џентлмен имаше само зборови за благодарност до сите вработени и за сето она што го доживеа во 118-те трки како возач на Ферари, но сепак, во фокусот се најде неговата блискост со Шарл Леклер со кого имаа и неколку недоразбирања во изминатите две сезони.
Двајцата имаа навистина добар однос и покрај тоа што првата сезона беше навистина тензична и пропратена со неколку чудни тимски одлуки, а сега заедничката етапа ја завршија на навистина симпатичен начин, разменувајќи си ги кацигите, со тоа што на онаа која ја подари Фетел, имаше и специјална порака.
– Ти си возачот со најголем талент од сите оние кои ги имам сретнато во овие 15 години. Немој да го потрошиш и биди сигурен дека ќе бидеш среќен и насмеан во сето она што го правиш, – гласи оригиналната порака од Фетел.
Себастијан дојде во Ферари како огромна надеж дека ќе се стави крај на долгиот пост без титула, но сепак Германецот од Маранело си заминува како четирикратен шампион, титули кои ги освои како член на Ред Бул.
😍😍😍😭😭
Wow – what kind words from #SebastianVettel to @Charles_Leclerc :
"To Charles, you are the most talented driver I came across in 15 years of F1. Don't waste it."
"Whatever you do to be happy and smile. Thanks for everything!"
-Seb#F1 #AbuDhabiGP #Ferrari #Vettel pic.twitter.com/IOva3EYAo5
— FormulaNerds (@FormulaNerds) December 13, 2020
Our grazie to you, #Seb5 ♥️ #essereFerrari🔴 #GrazieSeb #AbuDhabiGP 🇦🇪 pic.twitter.com/ga7lEjZsmf
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) December 13, 2020
The perfect content to end such an emotional day ❤️#Seb5 and @Charles_Leclerc’s helmet swap 🥰#essereFerrari 🔴 #AbuDhabiGP 🇦🇪 pic.twitter.com/bajGHmmh7U
— Scuderia Ferrari (@ScuderiaFerrari) December 13, 2020

- Шпанијапред 21 час
Меси постигна антологиски гол во шоуто на Барселона во големото финале (Видео)
- Шпанијапред 22 часа
Зидан за неговиот најголем квалитет: Не сум најдобар тренер, но не сум ниту катастрофално лош
- Англијапред 23 часа
Откако го нанижа и Пеп: Неверојатната статистика на Тухел против пет врвни тренери (Фото)
- Германијапред 23 часа
Нојер и Милер со први реакции по одлуката за заминување на Флик
- АТПпред 19 часа
Прв пехар во оваа календарска година: Ѓорческа триумфираше во двојки во Калви
- Шпанијапред 20 часа
Реал Мадрид покажа класа и прв испрати честитка до Барса, Пујол бара повеќе од тимот на Куман (Фото)
- Англијапред 21 час
Гвардиола ги исплаши фановите на Сити со својата прва изјава за повредата на Де Брујне
- Италијапред 9 часа
Пандев веројатно ќе си оди, но друг Македонец ќе го замени и ќе заигра за Џенова од следната година