Убава вест за навивачите на Кливленд: Роуз се враќа во тимот

rouz

Дерик Роуз, кој требаше да биде едно од најголемите засилувања на Кливленд, во изминатиот период крена голема прашина околу неговото предвремено пензионирање само поради повредите кои ги влече изминатиот период. Медиумите веќе на големо пишуваа дека раскрстил со Кливленд, но најновата информација која излезе, ги крена на нозе навивачите на Кавалирс. Тој најави враќање во тренажниот процес.

– Роуз се враќа во тимот. Генералниот менаџер е во постојан контакт со кошаркарот, а за неговото официјално враќање, службата за комуникации на Кливленд ќе излезе со известување, пишува ЕСПН.

Кливленд Кавалирс нема толку лесно да се откаже од услугите на Роуз, зошто тој на само седум натпревари постигнуваше во просек по 15 поени на натпревар.

 

Facebook Коментари