Убав начин да се постигне првата тројка во кариерата: Со една рака, од своја половина- Адамс го „збудале“ гледалиштето (Видео)

adams

26 годишниот кошаркар на Оклахома Тандерс, Стивен Адамс, беше главна ѕвзда на синоќешните натпревари од НБА Лигата.

Високиот центар од Нов Зеланд на неверојатен начин ја подигна атмосферата во салата на натпреварот против Њу Олренас Пеликанс.

Адамс во финишто на втората четвртина само ја потфрли топката од својата половина со една рака и на изненадување на многумина таа заврши во кошот на Њу Орлеанс. Потоа кошаркарот со специфичен танц го прослави погодокот, а публиката во „Смути Кинг центарот“ еруптираше иако повеќето беа фанови на домашниот Њу Орлеанс.

Facebook Коментари