Поврзете се со нас

Свет

Убав гол на Џани Алиоски за Ал Ахли (Видео)

Објавено

на

Македонскиот репрезентативеџ, Езгјан Алиоски постигна уште еден погодок во дресот на неговиот сегашен тим, Ал Ахли.

Алиоски стрелаше во натпреварот против Ал Наср кој неговиот тим го загуби со 2:1 со што остана далеку од битката за водечките позиции.

Нашиот репрезентативец постигна убав гол во 84. минута од натпреварот кога резултатот беше 2:0, а Ал Ахли до крај не успеа да се врати и да откине два бода од контото на противникот.

За Џани Алиоски ова е трет погодок во дресот на Ал Ахли, прв од игра откако прехтодните два ги постигна од белата точка.

Левиот бек на саудискиот клуб во досегашните 12 натпревари има запишано и три асистенции со што потврдува дека е еден од подобрите фудбалери на Ал Ахли.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни