Поврзете се со нас

Италија

Убав гест на Манџукиќ: Не играше за Милан, па ја одби платата и од клубот побара едно нешто

Објавено

на

Офанзивецот на Милан, Марио Манџукиќ направи убав гест со кој ги освои симпатиите на сите љубители на фудбалот.

Хрватот му кажал на луѓето од Милан дека не сака да ја прими мартовската плата поради тоа што не играл поради повреда и побарал од нив истата да биде дадена во добротворни цели.

Ваквата информација ја сподели претседателот на Милан, Паоло Скарони кој истакна дека ова е голем гест на голгетерот кој не играше многу по неговото јануарско пристигнување на „Сан Сиро“.

– Голем гест кој го покажува професионализмот на Марио, како и неговата почит кон Милан. Клубот ќе ја искористи можноста за да ја поддржи фондацијата на Милан за проектите кои се занимаваат со младите луѓе , -изјави Скарони.

Манџукиќ пристигна во Милан во јануари, а од тогаш одигра само четири натпревари за Милан по што мораше да паузира поради мускулни проблеми.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни