Поврзете се со нас

Италија

Уапсените ултраси на Интер барале билети од Инѕаги, го „треселе“ и исплашениот Шкринијар

Објавено

на

foto: twitter.com/Inter

Обемната истрага на италијанското обвинителство за поврзаноста на дел од најпознатите навивачи на Интер и Милан со мафијата откри разни детали поврзани со нивните активности, како и комуникацијата која ја имале со претставници на двата клуба.

Во полициската акција се уапсени многу лица, вклучувајќи ултраси на Интер и Милан, кои им се добро познати на навивачите и јавноста, а медиумите објавија дел од комуникацијата која Марко Фердико и Мауро Непи ја имале со тренерот Симоне Инѕаги и Милан Шкринијар.

Нивните телефонски разговори биле прислушкувани како дел од анти-мафија акцијата, па во пресрет на финалето на Лигата на шампионите, Фердико барал повеќе билети од тренерот Инѕаги.

– Ќе бидам краток мистер… Ни дадоа 1000 билети, направивме математика, потребни ни се уште 200 за да бидеме мирни. Тоа е моето барање, да стигнеме до 1200 билети, – му порачал Фердико на Инѕаги, на што овој ветил дека ќе разговара со Бепе Марота.

Инѕаги од истата личност добивал и совет да игра поофанзивно, бидејќи веќе не е во „провинција“.

Двајцата уапсени инсистирале на состанок и со Милан Шкринијар, дефанзивецот кој таа сезона реши да не го продолжи договорот и да замине во ПСЖ.

– Во секој случај тој заминува, веќе има донесено одлука. Гласот му трепереше на почетокот, но подоцна се созема, беше уплашен од средбата, – му пренеле Фердико и Непи на првиот човек на ултрасите на Интер, Андреа Берета.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни