Поврзете се со нас

Балкан

Уапсен претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, имал блиски релации со „српскиот касап“ Веља Неволја

Објавено

на

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Србија, Славиша Кокеза утрово е приведен од страна на српската полиција.

Првичните информации говорат дека Кокеза е приведен на информативен разговор откако српската полиција дошла до сознание дека тој е доста близок со човекот кој е топ тема во регионот овие денови, Вељко Беливкук.

Криминалната група на Веља Неволја извршила низа свирепи убиства, дел од нив и на стадионот на Партизан „ЈНА“, а сега речиси сите членови на истата се зад решетки.

Првиот човек на фудбалската федерација на Србија бил приведен откако до полицијата пристигнала пријава од страна на извесен Александар Кајмаковиќ кој истакнал дека Кокеза бил долгогодишен познаник на Вељко Беливук и можеби знае нешто повеќе за злосторствата кои ја потресоа Србија.

Инаку, Славиша Кокеза од 2016 година е на чело во српскиот фудбал, а од неодамна група предводена од Немања Видиќ тргна во обид да го отстрани од претседателската функција со цел подобрување на фудбалот во Србија.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни