Репрезентација
У21: Македонија претрпе висок пораз од Холандија во Алмере
Македонската младинска репрезентација до 21 година го претрпе петтиот пораз на седмиот меч во квалификациите за Европското првенство, откако вечерва не најде никакво решение за играта на разиграната Холандија.
Најдобриот тим во нашата група ја потврди фаворитската улога на доминантен начин и целосно доминираше на пресметката која се одигра во Алмере, постигнувајќи пет гола од 17 шута во рамката на нашиот гол.
Избраниците на Драган Канатларовски немаа решение за лидерот во групата и речиси да не се приближија до противничкиот гол, нешто за што говори и статистиката која вели дека нашиот младински тим немаше удар кон голот.
Голманот Алчевски беше најдобар поединец во нашиот тим и собра 12 успешни интервенции, што значи ако не беше тој, поразот ќе беше уште поубедлив.
Регер го отвори резултатот уште во 2-та минута, Охие 20 минути подоцна зголеми на 2:0, по што следеа два хола на Манхов на стартот на вториот дел. Конечните 5:0 ги постави Регер со својот втор гол на мечот.
Ова е петти пораз во седмиот меч за Македонија, но сега тимот на Канатларовски ќе има шанса да се врати на победничките патеки, бидејќи за четири дена игра против Гибралтар кој е последен во групата.
-
Светпред 19 часа
Ривалдо бара да се вратат двајца ветерани во бразилската репрезентација: Тоа се големи имиња…
-
АТПпред 16 часа
Тениски срам: Пред неколку години беше во топ 20, сега загуби меч за 37 минути во сомнителни услови (Видео)
-
Светпред 22 часа
Србите го бараат наследникот на Пешиќ, две имиња се во игра
-
Италијапред 20 часа
Бобан: Ибрахимовиќ направи колосална грешка…
-
Светпред 22 часа
Кимих: Не ми се допаѓа новото правило, судиите се премногу чувствителни
-
Светпред 14 часа
Родри: Ќе биде неправедно за Чави и Иниеста, но јас веќе се чувствувам како победник на „Златната топка“
-
Италијапред 24 часа
Тоти: Де Роси може да заврши како Мурињо
-
АТПпред 21 час
Вавринка го состави идеалниот тенисер, Федерер и Ѓоковиќ пред Надал (ВИДЕО)