Поврзете се со нас

Репрезентација

У17 квалификации: И македонските надежи го победија Лихтенштајн на турниот во Шкотска

Објавено

на

По стартното реми против селекцијата на Шкотска на турнирот кој се игра во Обединетото кралство, македонската фудбалска репрезентација до 17 години ја оствари и првата победа, и тоа над врсните над Лихтенштајн.

По победата на сениорите во Вадуц со резултат 0:3, нашите репрезентативци до 17 години исто така остварија победа над Лихтенштајн, триумф со кој ги задржаа шансите за прво место кое носи пласман во Лигата А од квалификациите за Европско првенство.

Избраниците на селекторот Димитар Капинковски остварија победа со минимални 1:0 благодарение на голот кој го постигна Хоџа во 30-та минута, па со вкупно четири освоени бода, Македонија во моментов е на првото место во групата.

Вечерва вториот натпревар од второто коло ќе го одиграат селекците на Шкотска и Романија, а за нас клучно ќе биде последното трето коло од турнирот во Б дивизијата.

Во последното коло ќе ги одмерите силите со селекцијата на Романија, па доколку успееме да славиме, ќе имаме сериозни шанси за пласман во А дивизијата.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни