Поврзете се со нас

Италија

ТВ емисија посветена на скандалот со Лотито одложена неколку часа пред емитувањето

Објавено

на

Телевизиската емисија „Ла Јене“ реши да го повлече најновото издание само неколку часа пред емитувањето, а во него главна тема требаше да биде Клаудио Лотито и неговиот скандал со плаќањето на Мауро Зарате.

Претходно, дел од италијанските медиуми објавија дека Лотито му исплаќал дел од парите на Аргентинецот преку сомнителни сметки на други компании.

Менаџерот на Зарате изјавил дека Лацио му платил на Зарате само 7 од 20-те милиони евра преку неговата сметка, додека останатите биле уплаќани во лондонска компанија, која подоцна ги префрлувала парите во фирма на братот на фудбалерот.

„Ла Јене“ вечерва требаше да ја емитува емисијата за кој бил снимен и разговор со менаџерот Луис Руци кој работел со Зарате во 2008 година, но само неколку часа пред емитувањето, нејзиното емитување е одложено.

Официјалната верзија на уредништвото е дека му дале простор на Лотито да даде свој одговор кој би бил емитуван заедно со обвинувањата, а доколку тоа не го направи, тогаш на 2 јуни емисијата ќе биде емитувана како што беше првично планирана.

Лотито за истата сторија веќе најави тужба за весникот „Газета дело Спорт“, кој прв го објави нерегуларното плаќање на Зарате.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни