Поврзете се со нас

Италија

„Тутоспорт“ ја „откри“ причината за лошата форма на Влаховиќ

Објавено

на

Фото: https://twitter.com/juventusfc

Слабата форма на Душан Влаховиќ и натаму е една од најактуелните теми на италијанската фудбалска сцена, а „Тутоспорт“ излезе со своја верзија околу причината за новиот пад во формата на напаѓачот на Јувентус.

Влаховиќ постигна два гола против Верона и оттогаш нема ниту една реализација на четири натпревари, а на дербито со Наполи остана во соблекувалната по крајот на првото полувреме.

Тренерот Тиаго Мота и клубот и натаму изразуваат сериозна поддршка за Влаховиќ, а „Тутоспорт“ тврди дека главна причина за проблемите на Србинот е раскинувањето со долгогодишната партнерка Вања Богдановиќ.

Последен пат двојката беше видена заедно во средината на јули, но очигледно во меѓувреме Влаховиќ и Богдановиќ се разделиле, што можело да се примети и по нивните профили на социјалните мрежи, односно бришењето на одредени фотографии од страна на фудбалерот.

„Тутоспорт“ потенцира дека Влаховиќ имал слична криза и претходно, во периодот кога бил разделен со атрактивната бринетка, но подоцна двојката се смирила.

Влаховиќ во меѓувреме го одби и повикот на српскиот селектор Драган Стојковиќ, објаснувајќи го со семејни проблеми, за што доби сериозни критики од фудбалската јавност во својата земја.

Advertisement
Advertisement

Италија

Advertisement

Популарни