Поврзете се со нас

Европски првенства

Турскиот херој може да остане без четвртфинале: УЕФА отвори истрага за прославата на Демирал (Фото)

Објавено

на

Foto:instagram.com/millitakimlar

Мерих Демирал прерасна во апсолутен турски херој со двата гола кои ги постигна против Австрија, погодоци кои ја однесоа неговата селекција во четвртфиналето на Европското првенство.

Стоперот направи главна разлика во шеснаесетникот и со својата снаодливост беше нерешлива енигма за Австријците, но неполни 24 часа по крајот на мечот, пристигна вест која нималку нема да му се допадне.

УЕФА официјално отвори истрага поради контроверзната прослава на еден од погодоците, односно гестот со двете раце кој различно е толкуван во Турција и Германија.

Гестот на Демирал во Турција се поврзува со „сивите волци“ кои се ултранационалистичка десничарка група која промовира историска надмоќ на Турците, па овој потег во Германија се доживува и како огромна провокација.

Угледните германски новинари побараа истрага од УЕФА и побараа да го казнат Демирал за политичката порака која ја испрати, а реално гледано, стоперот навистина може да се соочи со последици.

Европската куќа на фудбалот и официјално потврди дека е отворен случај против турскиот дефанзивец, а како Федерарција која посебно внимава на политичките пораки, јасно е дека настапот на Демирал во четвртфиналето е и повеќе од неизвесно.

Поради политичка и расистичка навреда кон Македонците, Албанецот Даку заработи суспензија од два меча од УЕФА, па сега останува да видиме како ќе мине Демирал.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни