Турски суперлигаш заинтересиран за Иван Тричковски

trickovski

Медиумите во Турција пишуваат дека турскиот тим на Акишар е заинтересиран во своите редови да го види нашиот репрезентативец, Иван Тричковски.

Популарниот Тричко веќе две сезони со успех го носи дресот на АЕК Ларнака, а од турскиот клуб интерес за него пројавиле по се поверојатното заминување на неколку првотимци од офанзивната линија на клубот.

Тренер на тимот на Акишар е прославениот Босанец, Сафет Сушиќ, а „црно зелените“ следната сезона за прв пат ќе се натпреваруваат во Лига Европа откако минатата сезона изненадувачки го освоија Купот на Турција. Инаку во Суперлигата тимот на Акишар заврши на 11. позиција.

Во следните неколку денови ќе се знае разврската и тоа дали Тричковски ќе го смени Кипар за Турција.

Facebook Коментари