Поврзете се со нас

Свет

Туре за играчот кој му правел многу проблеми: Го мразев, можеше да ме запре!

Објавено

на

Фото:twitter.com/Standard_RSCL

Јаја Туре е еден од играчите кој одбележа една ера во Манчестер Сити, ас кој беше лидер и меѓу најзаслужните што овој тим фати залет и почна да освојува титули во Англија, а воедно да игра важна улога и во Европа.

Тој претходно беше успешен и во Барселона што доволно говори за неговите квалитети, знаење, меѓутоа и африканецот како ас од светска класа имал проблеми со некои играчи на теренот, поточно не сакал да се соочува со нив.

Еден од оние кој бил непријатен за него е поранешниот српски репрезентативец, Немања Матиќ.

-Го мразам, тоа ко..ле. Против Матиќ е тешко да се игра. Тој е висок, силен и моќен. Беше забавно да се игра против него, иако е тешко. Малкумина се оние кои можеа да играат против мене и да ме запрат, а Матиќ беше еден од оние кои знаеја да ми задаваат проблеми. Може да трча. Може да се врати во одбрана, да се бори. Тој е навистина добар играч, -порача Туре.

Немања сега е во Лион, а претходно подолго време играше во Англија за Челси и Манчестер Јунајтед.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни