Свет
Туре избра свој фаворит: Дрим-тимот на Барселона или тимот на Пеп кој освои триплета?

Јаја Туре беше важен играч на Барселона и уживаше специјални моменти со „дрим-тимот“ на Пеп Гвардиола, но откако на неговот место повеќе шанса почна да добива Бускетс, тој реши да замине во Манчестер Сити.
Фантастичниот играч за врска од Брегот на Слоновата Коска прерасна во вистинска легенда на Сити и важи за еден од најдобрите кои го носеле синиот дрес, а како човек кој имаше можност да биде дел од двата клуба, доби нависитина интересно прашање во последното интервју за „Дејли мејл“.
Пеп Гвардиола го повтори успехот од Барселона и со Манчестер Сити и изминатава сезона ја освои триплетата, но Јаја сепак смета дека актуелниот тим на Шпанецот не би можел со оној неговиот од Барса.
– Тјери Анри, Лео Меси, Самуел Ето кој во тоа време беше најдобар напаѓач во светот. Покрај нив, ги имавме Иниеста и Чави, а тука бевме и јас и Бускетс. Тој тим беше навистина комплетен, – вели Туре и додава.
– Кој би победил меѓу дрим-тимот на Барса и овој тим на Пеп. Ќе биде тежок натпревар, микс на суперѕвезди, но јас верувам дека ние би победиле. 100 посто сум убеден дека би победила генерацијата на Барса. Тоа беше тим од соништата, дури и на тренинзите имаше толку голем интензитет. Нивото се подобруваше и зголемуваше секој ден, – потенцира Јаја.
-
Англијапред 14 часа
Супер компјутер ја предвиде завршната табела во Премиер лигата (ФОТО)
-
Италијапред 14 часа
Драма кај шампионот: Наполи шокираше и со спорно видео го исмеа Осимен, напаѓачот размислува да поднесе тужба!
-
Светпред 24 часа
Бускетс за Меси и незадоволните фанови: Ние не сме машини или роботи…
-
Шпанијапред 13 часа
Чави по неочекуваниот кикс на Барселона: Очигледно е дека имаме една слаба точка
-
Англијапред 11 часа
Тен Хаг брутално искрен за играч на Јунајтед: Не беше на потребното ниво и го изгуби местото
-
Шпанијапред 22 часа
Барселона повторно покажа дефанзивни слабости и освои само бод против Мајорка (ВИДЕО)
-
Англијапред 13 часа
Гвардиола искрен за една ѕвезда на Сити: Не успеав да го извлечам најдоброто од него
-
АТПпред 2 часа
Алкарас за првото место на Ѓоковиќ: За тоа размислувам на секој тренинг и турнир…