Турците предводени од Миленкоски не успеаја да ја изненадат Италија

Milenkoski-Turcija1

Турската машка одбојкарска репрезентација не успеа да го изненади фаворитот Италија во осминафиналето на Европското првенство во Полска и загуби со 3:0 на денешниот меч одигран во Катовице.

Македонскиот стручњак Јошко Миленкоски направи одличен резултат со турскиот национален тим, но денеска неговите избраници немаа сили да ги елиминираат „аѕурите“ и загубија со резултат 25:16/25:17/31:29.

Турската селекција беше многу блиску да го освои третиот сет откако водеше со 24:21, но не успеа да ја искористи предноста и тој најдолг сет на крајот повторно го освои противникот, кој во следната рунда за противник ја има Белгија.

На другите осминафинални средби денеска на ЕП во Полска:
Полска-Словенија 0:3
Бугарија-Финска 3:1
Чешка-Франција 3:1

Facebook Коментари