Турците ја открија мистеријата за „детето“ кое пуши цигара на трибината (Фото)

fan-bursa1

Во текот на вчерашниот ден, апсолутен хит на социјалните мрежи стана видеото кое ни дојде од фудбалска Турција, или поточно од хуманитарниот натпревар кој го одиграа Бурсаспор и Фенербахче со цел да се соберат парични средства за деца со ретки болести.

Наместо да се зборува за хуманиот карактер на натпреварот, социјалните мрежи беа опседнати со видеото на кое се гледа како едно младо момче пуши цигара на трибините, а иако првиот заклучок е дека станува збор за адолесцент, реалноста ни открива нешто друго. Турските медиуми денеска го разоткрија „детето“ кое стана вирален хит, а всушност, вистината е дека не станува збор за младо момче.

Самиот фан на Бурсаспор се огласил на социјалните мрежи по настанатата забуна и потенцирал дека има 36 години, укажувајќи дека младото момче кое седи до него на трибината е неговиот син.

fan-bursa

Facebook Коментари