Поврзете се со нас

Балкан

Турците го „елиминираат“ Чакир, тој размислува за судење во друга земја

Објавено

на

Еден од најпознатите европски фудбалски судии, Џунејт Чакир, може да почне да суди натпревари во друга земја, бидејќи турската судиска комисија решила да го елиминира од домашните натпревари.

Чакир се нашол на списокот на 13 суспендирани судии поради наводен обид за бунт и промена на актуелното раководство на судиската комисија, а иако судот им ги прифатил жалбите, засега остануваат без работа во својата земја.

Најпознатиот турски судија веќе добил понуда од Швајцарската фудбалска федерација и може да суди во првата лига на Швајцарија во продолжение од сезоната.

За Чакир е најбитно да остане активен, бидејќи постојано судење може да остане и без европските натпревари, но и Светското првенство во Катар.

45-годишниот турски судија сезонава судеше две средби во групната фаза на Лигата на шампионите, а доби сериозни критики поради одлуките во финишот на дуелот Милан-Атлетико Мадрид.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни