Поврзете се со нас

Европски првенства

Турците беснеат: Белингам доби казна, но ќе може да игра во четвртфиналето (Фото)

Објавено

на

Foto:x.com/England

Европската фудбалска Федерација ова попладне и официјално ги достави решенијата од двете истраги кои ги водеше во изминатите неколку дена, односно откри какви судбини имаат Џуд Белингам и Мерих Демирал.

УЕФА отвори случај против англиската суперѕвезда за недоличниот гест на мечот со Словачка, а изречената пресуда целосно ги разбесни турските фудбалски фанови.

Белингам доби казна од еден меч која може да се активира со одложено дејство, што значи дека Џуд самиот ќе избере кога да одмори во период од една година.

Фудбалерот на Реал Мадрид на овој начин станува достапен за четвртфиналето против Швајцарија, но и за наредната фаза од турнирот доколку Англија извојува победа.

Од друга страна, Турците се жалат дека УЕФА употребила двојни аршини, бидејќи казната на Демирал останува иста и покрај доставената жалба на турската Федерација.

УЕФА останува на ставот дека Демирал испратил политичка порака со својот гест по постигнатиот гол против Австрија, па така стоперот е казнет со два меча неиграње.

Реклама
Реклама
Реклама

Популарни